Во Шпанија ексхумирани 53 тела од времето на диктатурата на Франко

Од:

Форензички археолози денеска ексхумираа 53 тела од плитки гробници во баскискиот град Ордуна, како дел од процесот на заздравување на раните од диктатурата на генералот Франциско Франко во Шпанија.

Истражителите ќе се обидат да ги идентификуваат посмртните останки и да им ги вратат на роднините за да можат официјално да бидат погребани, изјави шпанскиот патолог Франциско Етксеберија.

Повеќе од 500.000 луѓе беа убиени за време на Шпанската граѓанска војна (1936 – 1939). Историчарите проценуваат дека повеќе од 100.000 луѓе сè уште се водат како исчезнати, многумина во необележани масовни гробници.

Левичарската коалициска Влада во 2020 година одобри закон за финансирање на ексхумации од необележани гробници, како дел од пошироките напори да се открие вистината за злосторствата на диктатурата и да се залечат сè уште отворените рани четири децении по смртта на Франко.

Историската документација за гробовите во Ордуна и сведоштвата сугерираат дека човечките останки им припаѓаат на затвореници, кои починале помеѓу февруари и јуни 1941 година во тамошниот централен затвор, соопшти баскиската регионална Влада.

Ексхумацијате е дел од „Гогора“ (Спомени), програма на баскиската Влада наречена „Потрага по исчезнати лица од граѓанската војна“, во соработка со Научното друштво Аранзади и локалната власт на Ордун.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени