Во Шпанија е уапсен Албанец кој уби Србин и тешко рани државјанин на БиХ

Од:

Шпанската полиција уапси маж осомничен за убиство на српски државјанин во Гренада во јули минатата година.

Поради престрелката во која загина државјанин на Србија, а еден државјанин на Босна и Херцеговина е тешко ранет, пет лица се уапсени, но потрагата по убиецот се уште трае до денес.

Во прашање е Албанец кој лажно се претставувал како Италијанец и кој цело време се криел во градот Адри.

Тој е уапсен во раните утрински часови во вторникот. Елитните единици на цивилната гарда упаднаа во куќата и го уапсија пред да може да побегне преку покривот. Тој се обидел да излезе на споредна улица, но таму го чекала група полицајци.

Србинот беше убиен во крвава пресметка во близина на Гренада, што се случи на 13 јули минатата година нешто пред 19 часот. Во престрелката е ранет државјанин на БиХ, кој со хеликоптер бил пренесен во болница.

Шпанската полиција тогаш за Телеграф потврди дека убиениот Србин имал 44 години, но неговиот идентитет никогаш не е соопштен.

Се уште не е познат мотивот за злосторството, а се шпекулира дека дошло до пресметка на две криминални банди за шверц на дрога.

Српскиот државјанин, наводно, бил застрелан со неколку проектили и починал на лице место, додека државјанин на БиХ се здобил со рана во пределот на стомакот.

Како што тогаш објавија шпанските медиуми, сè укажува на тоа дека двете криминални групи се сретнале на еден од паркинзите во областа на браната Рулс, место на половина пат помеѓу брегот на Гранада и главниот град.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата