Во САД поради зимската бура откажани 1.400 летови

Од:

Американските авиокомпании денеска откажаа повеќе од 1.400 летови поради зимската бура што ги зафати државите од Тексас до Западна Вирџинија.

Откажани се 1.467 летови, домашни и меѓународни, а 527 се одложени, објави порталот FlightAware. Зимската бура во Тексас ќе трае барем до утре наутро.

„Тековната зимска бура ќе продолжи да носи опасно време во Северен и Централен Тексас“, соопшти Националната метеоролошка служба.

Вчера, Федералната управа за авијација предупреди дека патниците може да очекуваат снежни услови во одредени области, вклучително и Далас, Форт Ворт и Мемфис, што може да предизвика одредени одложувања на летовите.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри што предизвикало приземјување на сите летови во САД минатата недела

Ана Ололовска

Летовите во САД се враќаат во нормала

А1он

Бајден: Се истражува причината за падот на системот за цивилно воздухопловство

Ана Ололовска

Во САД обновени домашните летовите

Ана Ололовска

Буквално сите летови откажани во Америка, Бајден нареди итна истрага

А1он

Сите авиони во САД приземјени поради дефект на компутерскиот систем за следење летови

А1он