Најмалку шест лица се повредени денеска во руски воздушен напад врз украинскиот регион Черкаси, изјави регионалниот гувернер Игор Табурет.
Според неговите тврдења, оштетена е критичната инфраструктура.
Украинската воздушна одбрана собори неколку беспилотни летала, изјави гувернерот на регионот Черкаси на Телеграм.
Тој додаде дека тимот бил ангажиран за вонредни ситуации, пренесе Ројтерс.