Во Русија откриени опасни бактерии во прехранбени производи увезени од повеќе држави

Од:

Руските санитарни власти открија опазни бактерии во голем број прехранбени производи увезени од различни држави.

Федералната агенција за ветеринарни и санитарни прашања откри бактерии на салмонела во замрзнато свинско месо и сирење увезено од Холандија.

– При лабораториските тестови на замрзнатото свинско месо од компанијата „Slachthuis Nijmegen“ и сирење од „Bel Leerdammer“ е откриена салмонела, се истакнува во соопштението од Агенцијата.

Салмонела откриена е и во говедското и пилешкото месо увезено од Бразил, во урда од Белорусија, во замрзната сланина од Полска, во риба и пилешко месо од САД и во пастрмка и школки од Чиле.

Опасни бактерии по здравјето на човекот откриени се во овчко месо увезено од Нов Зеланд.

Ветеринарните власи на Холандија, на Бразил, на Белорусија, на Полска, на САД, на Нов Зеланд и на Чиле се предупредени дека нивни производи има опасни бактерии.

Претходно, Федералната агенција за ветеринарни и санитарни прашања ја предупредија Норвешка за опасни бактерии во некои рибни продукти што се произведуваат во скандинавската држава. При лабораториски анализи на продукти од норвешката фирма СФ-53 и формата Н-107 се откриени бактерии од групата ешерихија коли.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски