Во Русија и понатаму секојдневно пристигнуваат по околу 2.500 Украинци

Од:

Во Русија продолжуваат да пристигнуваат бегалци од Украина и покрај објавеното примирје во југоисточните украински области, изјави заменик директорот на руската федерална служба за миграција, Николај Смородин.

– И покрај примирјето, во Русија се уште пристигнуваат Украинци, и тоа меѓу 2.000 и 2.500 дневно, тврди Смородин.

Тој на прес-конференција во Женева нагласи дека бројот на Украинците, кои пристигнале во Русија, се зголемил за еден и полпати во споредба со минатата година.

– Во јуни оваа година барањата на украинските државјани за заштита и помош добија масовен карактер. Моментно во Русија има 2,6 милиони Украинци, а минатата година беа 1,6 милиони, додаде Смородин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми