Во Романија започна предизборна кампања за делумните локални избори на 11 јуни

Од:

Во Романија денеска започна предизборната кампања за делумните локални избори, кои ќе се спроведат на 11 јуни, пренесе агенцијата Аџерпрес.

По 15 дена, гласачите од 49 населени места во вкупно 32 окрузи на земјата, ќе можат да гласаат за градоначалници.

Изборите беа распишани откако некои градоначалници беа избрани за пратеници на парламентарните избори во декември 2016 година, а други беа осудени за различни прекршоци и не можат да го реализираат својот мандат, појаснува Аџерпрес.

Предизборната кампања ќе заврши на 10 јуни.
Гласањето ќе започне на 11-ти јуни во 7.00 часот по локално време и ќе заврши во 21.00 часот.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски