Во Романија родителите кои нема да ги вакцинираат своите деца треба да платат казна од 2.200 евра. Ова е според Законот за задолжително вакцинирање, усвоен од Сенатот.
Според законот, во случајот со задолжителните вакцини се претпоставува дека се дава согласност за имунизација.
Исто така, законски е одредено медиумите бесплатно да спроведат кампањи за вакцинирање.
Во изминатите месеци во Романија беа регистрирани десетици случаи на починати од морбили.