Во ракетен напад на сепаратистите убиени над 30 украински војници

Од:

Над 30 украински војници и граничари загинаа денеска при напад на проруските сепаратисти со ракети „Град“ врз украински контролен пункт на границата со Русија, соопшти претставник од Министерството за внатрешни работи на Украина.

Тој нагласи дека бројот на жртвите би можел да се зголеми, бидејќи при нападот се повредени неколкумина војници, од кои некои се наоѓаат во критична состојба.

Доколку се потврдат овие информации, тоа ќе биде најсмртоносниот напад на сепаратистите врз владините сили по завршувањето на примирјето на 30 јуни.

Нападот бил извршен околу пет часот утрово по локлано време врз граничниот премин Зеленополе во Луганската област.

Зарјан Шкирјак, портпарол на украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков, изјави дека одговорот на владините сили на овој „крвав терористички напад нема да задоцни“.

Во меѓу време, проруските сепаратисти соопштија дека во реонот на градот Перевалск во Луганската област во источниот дел на Украина денеска урнале украински авион.

Ваквата информација засега не е потврдена од украинска страна.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми