Во пукање во Савана, Џорџија, повредени се 11 лица

Од:

Единаесет лица се повредени во престрелката што се случила во центарот на Савана, во американската држава Џорџија, соопшти денеска полицијата.

Престрелката се случила синоќа нешто пред полноќ во близина на популарниот плоштад Елис во Савана, пренесе АП.

На повредените им била укажана помош на лице место, а неколкумина од нив се пренесени во болница, додаваат од полицијата.

WSAV-TV објави дека се верува дека никој не претрпел повреди опасни по живот.

Полицијата соопшти дека се собрани докази и сослушани бројни сведоци, но засега никој не е уапсен.

Би можело да ве интересира

Пукање во Пенсилванија, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Загинати и ранети во оружен инцидент во Алабама

Издадено предупредување на колеџот во Пенсилванија за вооружен маж на кампусот

(ВИДЕО) Шест лица се ранети во оружен инцидент во Форт Ворт

Горан Наумовски

Тинејџер од Флорида со пушка ранил најмалку 10 лица на забава

Пукање во Џорџија, затворен цел трговски центар

Горан Наумовски