Единаесет лица се повредени во престрелката што се случила во центарот на Савана, во американската држава Џорџија, соопшти денеска полицијата.
Престрелката се случила синоќа нешто пред полноќ во близина на популарниот плоштад Елис во Савана, пренесе АП.
На повредените им била укажана помош на лице место, а неколкумина од нив се пренесени во болница, додаваат од полицијата.
WSAV-TV објави дека се верува дека никој не претрпел повреди опасни по живот.
Полицијата соопшти дека се собрани докази и сослушани бројни сведоци, но засега никој не е уапсен.