Во првиот претседателски говор, Порошенко повика на запирање на крвопролевањата

Од:

Новиот украински претседател Петро Порошенко, кој официјално стапи денеска на должност, ги повика сепаратистите во источна Украина да го остават оружјето и најави дека ќе обезбеди сигурен коридор за руските борци да можат да се вратат во своите домови.

– Не сакам војна, не сакам насилства. Сакам мир и сакам мирот да дојде, рече Порошенко во обраќањето пред Парламентот откако положи заклетва.

– Ве молам оставете го оружјето и гарантирам дека нема да бидат гонети сите чии раце не се натопени со крв, порача тој.

Порошенко предложи план за мирно уредување на кризата во источна Украина и рече дека набрзо ќе го посети регионот Донбас.

Тој истакна дека украинските власти се подготвени да свикаат предвремени локални избори во Донбас за да може да биде формирана власт со која ќе може да се преговара. Тој вети и дека ќе го брани и јакне единството на Украина.

Новоизбраниот претседател предложи парламентарно-претседателска форма на владеење и се заложи против федерализација на државата. Тој рече дека Украина била и ќе биде единствена држава, воедно најавувајќи реформи поврзани со децентрализацијата на власта кои ќе почнат уште оваа година.

Порошенко рече дека Украина нема да се откаже од Крим кој беше анексиран од Русија во март.

– Им го кажав тоа јасно на руските раководители во Нормандија вчера, дека Украина не може да прави компромис со никој во однос на Крим, истакна Порошенко.

Тој уште се заложи за гаранции за слободен развој на рускиот јазик во Украина, сепак потенцирајќи дека украинскиот е единствениот официјален јазик во државата.

Според него, неопходно е да бидат спроведени предвремени парламентарни избори во Украина, бидејќи актуелниот состав на Врховната рада не соодветствува со расположението на јавноста.

Исто така, Порошенко оцени дека Украина треба да потпише нов меѓународен договор кој ќе го замени оној од Будимпешта. – Ќе го искористиме целото дипломатско искуство за да обезбедиме меѓународен договор кој ќе ја гарантира безбедност на Украина, потенцираше Порошенко.

Шефот на државата уште рече дека е подготвен веднаш да го потпише економскиот дел од договорот за асоцијација со Европската унија. Според него, Украина ќе се стреми колку што е можно побрзо да стане полноправен член на Европската унија.

Воедно се заложи за нормализација на односите со Русија и истакна дека се додека тоа не биде направено, Украинците нема да е чувствуваат безбедно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми