Најмалку 107 Палестинци загинаа, а 165 се ранети во последните 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти денеска Министерството за здравство во Појасот Газа.
Се додава дека во последните 24 часа „израелската окупација извршила 12 масакри врз семејства во Појасот Газа“, наведува Анадолија.
„Многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.
Од 7 октомври, според палестинските здравствени власти, најмалку 27.238 Палестинци, главно жени и деца, се убиени, а 66.452 се повредени.