Во поплавите во Индија загинаа 120 луѓе, а од невремето блокирани се и туристи

Од:

Најмалку 120 луѓе загинале во поплави и лизгање на земјиштето, кои по монсунските дождови ги погодија северните делови на Индија, соопштија денеска официјални претставници, додавајќи дека воени хеликоптери снабдуваат со храна илјадници блокирани луѓе.

Од поплавите уништени се илјадници куќи, а спасувачките екипи се обидуваат со хеликоптери да го евакуираат населението и да го снабдат со храна.

Индискиот министер за вонредни ситуации Џаспал Арја изјави дека војската се обидува да спаси и илјадници туристи кои останале заробени во долините и по храмовите. Според него, еден храм е целосно уништен и околу 10.000 туристи се отсечени од светот.

Властите ги откажаа планираните посети на верниците, стравувајќи од нови врнежи и лизгања на земјиштето.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати