Украинскиот град Одеса денеска прогласи тридневна жалост поради вчерашните трагични настани во кои животот го загубија неколку десетина лица.
– Трети, 4 и 5 мај се прогласени за Денови на жалост, објави градското собрание на Одеса на својата страница.
Во судири меѓу проруски и антируски групи во црноморскиот пристанишен град вчера загинаа 37 лица, а околу 200 се повредени, соопшти денеска полицијата во Одеса. Меѓу нив се и 22 полицајци.
Полицијата приведе над 130 лица кои учествувале во немирите и покрена 10 кривични истраги, пренесува ИТАР-ТАСС.
Прес службата на украинската Влада соопшти дека кабинетот испратил комисија предводена од првиот вицепремиер Виталиј Јарјом да ги истражи околностите под кои се случиле жртвите во судирите и пожарот во Одеса.