Во Нова Каледонија е прогласена епидемија на денга

Од:

Во Нова Каледонија е прогласена епидемија на денга, откако се регистрирани над 100 случаи за два месеца од оваа вирусна болест, која се пренесува од комарците, јави дописникот на МИА.

– Од 1 ноември се потврдени 101 случај, вклучувајќи ги и 58 за првите 20 дена од декември. Во моментов, по 20 случаи се дијагностицираат секоја недела, се вели во соопштението од Владата на Нова Каледонија. Повеќе градови во архипелагот се погодени од болеста, особено Нумеа и неговите предградија, каде што беа хоспитализирани три лица, едно од нив се наоѓа на интензивна нега, изјави Жан-Пол Гранжон, заменик директор на дирекцијата за здравствени и социјални прашања.

Станува збор за епидемија на денга 2, за што населението на Нова Каледонија не е вакцинирано. Појавата на болеста се објаснува како резултат на поволните временски услови за размножување на комарците. Здравствените власти побараа од населението да биде внимателно, нагласувајќи дека е потребно да се уништат леглата на комарците во близина на куќите, односно простори во кои има отстоена вода.

Би можело да ве интересира

Можно е да учествуваат на Мундијалот во 2026 година, а многумина не знаат каде се наоѓаат на мапа

А1он

Франција започна голема операција во Нова Каледонија, немирите ескалираа, шестмина загина

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

Бројот на случаи на денга во Аргентина е на пат да собори рекорди

Силен земјотрес регистриран на Нова Каледонија

Ана Ололовска