Во Њу Делхи зголемени безбедносните мерки поради закана од терористички напади

Од:

Во Њу Делхи се воведени зголемени безбедносни мерки откако разузнавачките агенции соопштија дека има опасност од терористички напади во главниот град на Индија.

Се претпоставува дека напади подготвува пакистанската терористичка организација „Лашкар е тајба“ на Хафиз Саид.

Апсењето на Саид е едно од главните спорови во индиско-пакистанските односи. Индија инсистира да му се суди на Саид за организирање на голем број бомбашки напади, меѓу кои и нападот во Мумбај во 2008 година при што загинаа 166 луѓе. Пакистан тврди дека нема доволно докази за вмешаноста на Саид во нападите.

„Лашкар е тајба“ е формирана во 1990 година и се смета за една од најголемите терористички организации во Јужна Азија. Групата води вооружена борба за отцепување на државата Џаму и Кашмир од Индија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати