Најмалку 12 борци од украинската Национална гарда загинаа, а 18 се повредени при судар на воен автомобил со автобус во зоната на специјалната операција во Источна Украина.
Воениот автомобил КрА3 и автобусот „Богдан“ се судриле вчера за време на ротацијата на војниците од украинската Национална гарда, пренесува БТА.
Според првичните податоци, причина за несреќата се лошите временски услови. Настраданите се примени во болница во градот Артемивск.