Во напад на сириските бунтовници убиени 40 полицајци

Од:

Сириските бунтовници напднаа денеска две полициски станици во Алепо и убија најмалку 40 полицајци во текот на судирот кој траел повеќе часа, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

„Стотици бунтовници ги напднаа полициските станици во квартовите Салхин и Баб ал-Најраб, при што се убиени најмалку 40 полицајци во повеќечасовните судири“, изјави директорот на оваа невладина органозација со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Активисти на оваа опсерваторија соопштија денеска дека вооружените борби во Алепо, кој е втор сириски град по големина и економски столб на земјата со три милиони жители, се водат веќе 11 ден по ред, што трае подолго од борбите кои се водат во Дамаск.

Сириската војска го гранатираше денеска упориштето на бунтовниците Сакур во североисточниот дел на Алепо, а судири избија и во другите квартови на градот.

ОН проценуваат дека 200.000 граѓани го напуштиле Алепо поради жестоките борби, а градот е целосно разурнат од бомбардирањата.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад