Во патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“, кој вчера се урна во Украина во близина на границата со Русија, немало Руси.
Според првичните информации познато е дека меѓу патниците имало најмногу Холанѓани, дури 154, четири Французи, најмалку петмина Британци, додека останува отворено прашањето дали во авионот имало државјани на САД и други држави.
Рускиот министер за вонредни состојби, Владимир Пучков рече дека ниту еден руски државјанин не бил меѓу патниците на малезискиот авион, кој сообраќаше на линијата Амстердам- Куала Лумпур и се урна на 60 километри од руската граница, пренесе „Итар Тас“.
Британските медиуми објавија дека во авионот се наоѓале помеѓу пет и десет британски државјани, а американскиот претседател Барак Обама рече дека официјални лица истражуваат дали меѓу патниците имало и граѓани на САД.
Францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабијус изјави дека во авионот кој вчера беше соборен на исток на Украина имало најмалку четири Французи.
Е. Г.