Во Мадрид антивоен протест пред сликата на Пикасо, Герника

Од:

Неколку часа пред почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид, околу 30 антивоени активисти протестираа во Музејот на кралицата Софија пред познатата слика на Пабло Пикасо, Герника.

– Демонстрантите ја обвинуваат воената алијанса за поттикнување на војна во Украина и тврдат дека безбедноста не се постигнува со големи количини оружје, се наведува во заедничкото соопштение на организаторите на протестот.

На сликите и видеото објавени на социјалните мрежи се гледаат десетина активисти кои лежат на подот пред сликата Герника, која е инспирирана од крвавиот воздушен напад врз градот Герника за време на Шпанската граѓанска војна.

Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Војната е смрт за луѓето“. „Војната е смрт за уметноста“.

Протестот во еден од најпознатите европски музеи траеше околу 10 минути пред да интервенира персоналот на музејот и да ги избрка демонстрантите, но управата на музејот се уште не го коментирала инцидентот.

За време на Самитот планирано е лидерите на земјите-членки на НАТО да го посетат Музејот на Кралицата Софија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени