Во Луганск формиран „единствен координативен штаб за Југоисточна Украина“

Од:

Сепаратистички активисти од југоисточните делови на Украина денеска во Луганск прогласија создавање на „единствен координативен штаб за Југоисточна Украина“, кој ќе има задача да ги координира своите активност со сличните тела во другите региони и со центарот во Доњецк.

ИТАР-ТАСС јави дека во Луганск и во други населени места денеска се одржуваат „народни собири“ со задача да ги дефинираат прашањата по кои граѓаните ќе се изјаснат на референдумот, што за 11 мај го најавија проруските сепаратисти.

Меѓу прашањата за кои ќе се бара изјаснување на граѓаните на референдумот се и оние за трансформација на Украина во федерална држава, за создавање на посебен политички субјект во источните региони на земјата, како и за прогласување на рускиот јазик за службен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми