Во контејнер во англиското пристаниште Харвич пронајдени 68 илегални имигранти

Од:

Британските погранични власти открија 68 илегални имигранти скриени во еден контејнер оставен во меѓународното пристаниште Харвич во југоисточна Англија.

Имигрантите биле откриени случајно симоќа за време на рутинска проверка на контејнерите.

Седум лица, меѓу кои и две бремени жени, биле итно префрлени во болницата во блискиот град Колчестер, отако се пожалиле на болки во пределот на стомакот и градниот кош.

Претставник на болницата соопшти дека врз сите е извршен детален лекарски преглед, но дека никој од седумината примени пациенти не се наоѓа во животна опасност.

Другите 61 лице од контејнерот им се предадени на имигарциските власти, кои сега треба да ја започнат процедурата за нивно враќање во матичните земји.

Не е соопштено од каде пторкнуваат откриените илегални имигранти, но претставник на полицијата на англиската област Есекс рече дека ги има од „разни земји“ и сите имаат различни државјанста, споменувајќи дека има и Европејци.

Контејнерот со 68 луѓе бил донесен во Велика Британија со еден ферибот кој дополовил до Харвич од пристаниште во Холандија.

Во август минатата година, едно лице почина од изнемоштеност и жед, кога 35 авганистански Сики беа најдени сокриени во оставен контејнер во пристаниште на источниот англиски брег. Луѓето беа случајно откриени од чуварите на скалдиштето, кои среде ноќ слушнале повици за помош.

Би можело да ве интересира

Нов доказ за убиство на принцеза Дајана

Емир Латифовиќ