Во Канада конфискувана синтетичка дрога 40 пати посилна од хероинот

Од:

Во Канада за првпат е конфискувана синтетичка дрога, 40 пати посилна од хероинот, соопшти канадската полиција.

Наркотикот се продавал во вид на таблети и го содржи опасниот опијат десметил фентанил.
Во седум рации извршени на 25 април запленети се над 300.000 таблети различни синтетички наркотици, како и 1,5 тони хемиски супстанци за производство на дрога.

Полицијата открила лабораторија за производство на таблети, конфискувала канабис, екстази и хашиш, а уапсени се две лица.

Дел од наркотиците биле испраќани во САД.

Полицијата запленила десметил, фентанил, етилкатион и пентадрон, хемиски супстанци кои можат да бидат до 40 пати посилни од хероинот.

На четворица полицајци им се слошило, а еден од нив е одведен во болница со трахикардија и висок крвен притисок и покрај тоа што носел маска за време на рацијата.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда