Во Јужен Судан ослободени над 200 деца војници

Од:

Повеќе од 200 деца војници се ослободени и се вратени во нивните семејства во Јужен Судан. Операцијата за ослободување на деца војници треба да продолжи во следните месеци војници, при што е предвидено да бидат ослободени речиси илјада деца војници.

Ослободени се 112 момчиња и 95 девојчиња и вратени се во нивните семејства во областа во близина на градот Јамбио. Тоа е прво ослободување на деца војници кои веднаш се испратени во нивните семејства, наместо да се одведени во институции.

Ослободувањето се случи неколку недели пред третиот круг мировни преговори, кои се закажани за крајот на месецот во Етиопија.

За време на петгодишната војна во Јужен Судан се проценува дека вооружените групи регрутирале околу 19.000 деца војници. Според Обединети нации, Јужен Судан има најголем број деца војници.

ОН до сега ослободиле повеќе од 2.000 деца војници, но и покрај постигнатиот напредок и посветеност на Владата да се запре регрутирањето на деца, интересните групи наведуваат дека тоа продолжува.

Би можело да ве интересира

Во Јужен Судан уапсени шест новинари поради снимка на кој се гледа дека претседателот Мајардир се помокрил

Ана Ололовска

ЕУ и ОН бараат итен прекин на насилството во Јужен Судан

Ана Ололовска

Најмалку 57 загинати во етнички конфликти во источниот дел на Јужен Судан

Ана Ололовска

ОН: На осум милиони луѓе во Јужен Судан им се заканува глад

Ана Ололовска

ОН: Повеќе од 70 луѓе загинаа во насилства во Јужен Судан

А1он

Мистериозна болест во Јужен Судан одзеде 89 животи

А1он