Во Јужен Судан договор за примирје со бунтовниците

Од:

Претседателот на Јужен Судан Салва Кир и лидерот на бунтовниците Риек Мачар потпишаа договор за примирје, ветувајќи дека ќе стават крај на петмесечната граѓанска војна.

Посредник во разговорите беше Сејоум Месфин од Источноафриканскиот регионален блок ИГАД.

– Двајцата ривали се ракуваа и потоа заедно се помолија, согласувајќи се веднаш да ги прекинат непријателствата, изјави Месфин.

Во граѓанската војна се смета дека загинале илјадници лица, а 1,2 милиони биле принудени да го напуштат својот дом.

Договорот го потпиша и премиерот на Етиопија Хаилемариам Десалегн, кој беше домаќин на разговорите во Адис Абеба.

Договорот го поздрави и американскиот државен секретар Џон Кери.

– Договорот за итно прекинување на борбените дејствија во Јужен Судан и договорот за формирање преодна влада е многу важен чекор кон иднината на земјата, се наведува во соопштението на Кери, во кое ги повикува двете страни да ги исполнат преземените ангажмани.

Би можело да ве интересира

Во Јужен Судан уапсени шест новинари поради снимка на кој се гледа дека претседателот Мајардир се помокрил

Ана Ололовска

ЕУ и ОН бараат итен прекин на насилството во Јужен Судан

Ана Ололовска

Најмалку 57 загинати во етнички конфликти во источниот дел на Јужен Судан

Ана Ололовска

ОН: На осум милиони луѓе во Јужен Судан им се заканува глад

Ана Ололовска

ОН: Повеќе од 70 луѓе загинаа во насилства во Јужен Судан

А1он

Мистериозна болест во Јужен Судан одзеде 89 животи

А1он