Во Јужен Судан, земја разурната од војна, 1,25 милиони луѓе се соочуваат со глад, што е двојно повеќе во споредба со истиот период од 2016 година, се наведува во денеска објавениот извештај на Обединети нации и Владата во Џуба.
Хуманитарците и Владата на Јужен Судан предупредуваат дека во земјата повторно би можело да завладее гладта во 2018 година.
– Распространетите и екстремни јазови во потрошувачката на храна… треба сите нас да не загрижат поради најлошото сценарио на глад во многу локации ширум Јужен Судан во 2018 година, изјави Кејти Рикард, координатор на хуманитарната истражувачка иницијатива „Рич“ (REACH), која учествуваше во изработката на извештајот.
Хуманитарците како причина за влошување на ситуацијата ги посочуваат континуираниот судир во Јужен Јемен, кој трае речиси пет години при што се убиени повеќе од 50.000 лица.