Безбедносните сили на Јемен го ликвидираа Саид ел Шири, вториот човек во командата на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.
Ел Шири бил саудиски државјанин кој е ослободен од американскиот затвор Гвантанамо во 2007 година.
Тој е убиен во јужниот дел на Јемен, каде веќе со месеци јеменската војска води борби со милитантните исламисти.
Ел Шири е убиен заедно со уште шестмина исламисти во операцијата на јеменската војска.