Во Јемен извршен напад на Хутите врз база на коалицијата предводена од Саудиска Арабија

Од:

Хутите во Јемен гранатираа во провинцијата Мариб воена база на Владата што ја поддржуваат Саудијците. Во нападот загинаа седум лица, меѓу кои и роднини на командантот на базата.

Нападот се случи откако беше постигнат едномесечен договор за прекин на огнот на 24 април помеѓу коалицијата предводена од Саудиска Арабија и движење во сојуз со Иран поради пандемијата на коронавирусот.

Извори велат дека командантот го преживеал нападот, но не и неговиот син и внук.

Таа информација ја потврди и другиот син на командантот на Твитер. Хутите не го коментираа нападот.

ОН се обидуваат да одржат виртуелни разговори меѓу завојуваните страни за воспоставување постојан прекин на огнот и да ги почнат мировните преговори прекинати во крајот на 2018 година.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен