Во Јапонија исчезна туристички брод со околу 30 луѓе по повик за помош

Од:

Туристички брод со речиси 30 патници денеска се води како исчезнат во северна Јапонија, по повик за помош во кој било наведено дека тоне, јавија локалните медиуми, кои исто така соопштија дека крајбрежната стража започнала потрага.

Претставник на локалната крајбрежна стража изјави дека спасувачките операции се во тек, но не можеше да даде дополнителни информации.

Според јапонската државна телевизија НХК, екипажот на бродот Казу 1 ја предупредил крајбрежната стража дека пловилото тоне додека се наоѓало во близина на полуостровот Ширетоко, на локација на северниот јапонски остров Хокаидо, кој е дел од светското наследство на УНЕСКО.

По повикот за помош, контактот со бродот е изгубен, а хеликоптери за пребарување пристигнале во зоната четири часа по повикот.

Екипажот и патниците на бродот се опремени со појаси за спасување, соопшти телевизијата НХК.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он