Во изминатово деноноќие убиени пет украински војници

Од:

Пет украински војници загинаа, а најмалку 17 други се ранети во последниве 24 часа во судири во источниот дел на Украина, соопшти украинскиот воен портпарол Алексеј Дмитрашковски.

Тој нагласи дека тројца војници загинале, а четворица се ранети при минифрлачки напад на проруските сепаратисти врз контролен пункт во Славјанск.

Во напад врз украински воен конвој кај местото Нижња Олховаја близу Луганск, пак, загинале двајца војници, а осуммина се ранети.

Уште петмина војници се поврдени кога оклопното возило со кое патувале нагазило на поставена мина.

Според Дмитрашковски, за време на украинката „антитерористичка операција“, биле убиени 145 проруски сепаратистички борци, а 312 биле ранети.

Претходно, лидерот на проруските сепаратисти од Доњецк, Алескандар Бородој обвини дека украинските вооружени сили никогаш целосно не го почитувале прогласениот прекин на огнот.

– Како ни минатиот пат и сега во пракса нема прекин на огнот, изјави Бородој, кој официјално се декларира како „премиер на Доњецката Народна Република“.

Како што јави ИТАР-ТАСС, Бородој нагласи дека во ваква ситуација не е сигирен дека ќе продолжат консултациите меѓу властите во Киев и сепаратистите за надминување на конфликтот во југоисточна Украина.

Во петокот украинскиот претседател Петро Порошенко објави продолжување на еднонеделниот прекин на огнот за уште 72 часа, односно до 30 јуни во 22 часот по локално време (21 часот по средноеврооско време).

Тој тогаш нагласи дека ако сепаратистите не ги почитуваат условите за прекин на огнот, тогаш Украина го задржува правото да го прекине примирјето во зоните во кои тоа е прекршено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми