Во Источна Украина и денеска напнато, три жртви во Доњецката област

Од:

Ситуацијата во Доњецката област и утрово беше напната и жителите на тој регионален центар на истокот на Украина тврдат дека се слуша артилериска стрелба, известуваат украински и руски медиуми.

Властите на селото Пантелејмоновка во Доњецката област соопштија дека во саботата загинале тројца, а анети биле осум цивили.

Градските власти на Доњецк сооштија дека житлите на градот наведуваат дека во Ленинскиот, Петровскиот и Кировскиот кварт се слуша артилериска стрелба, иако во текот на ноќта немало активни воени дејствија, туку само спорадична престрелка од големокалибарско оружје.

Украинскиот „Штаб за антитерористичка операција“ соопшти дека е регистрирана стрелба врз позициите на украинската војска недалеку од населбата Попаснаја и аеродромот.

Во прес центарот на Штабот е соопштено и дека Оружените сили на Украина и единиците на другите структури ја утврдуваат линијата на одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми