Во Индија уапсени петмина силувачи на швајцарската туристка

Од:

Петмина од силувачите на швајцарската туристка во Индија се уапсени и го признале делото.

Дваесет лица биле испитани поради силувањето во петокот. Се претпоставува дека биле седум до осум напаѓачи.

Швајцарската државјанка (39) патувала заедно со сопругот за храмот Таџ Махал. Двојката патувала со велосипеди и сакала да преспие во шатор во индиската држава Мадхија-Прадеш. Кога го поставувале шаторот ги нападнала група вооружени мажи со стапови, го претепале мажот, а жената ја силувале, а потоа украле 185 долари и мобилен телефон.

svajcarska-turistka

Жената била хоспитализирана само една нож во Гвалиор, на 340 километри од Бопал, главниот град на Мадхија-Прадеш.

Амбасадорот на Швајцарија во Индија Линус фон Кастелмјур ја посетил жртвата и ветил соработка. Швајцарското Министерство за надворешни работи го осуди трагичниот настан и побара напаѓачите брзо да бидат откјриени и изведени пред суд.

Во 2003 година 36-годишна жена швајцарски дипломат беше силувана на паркинг во Њу Делхи од двајца мажи. Насилниците не се откриени.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати