Во Индија масовно труење: Најмалку 31 лице почина

Од:

Најмалку 31 лице почина, а 20 се хоспитализирани во тешка состојба, бидејќи пиеле отровен пијалок продаден без дозвола во источна Индија, соопштија денеска властите.

Смртта се случила во вторникот и средата, а жртвите биле од три села во областа Саран во државата Бихар каде што е забрането производството, продажбата и консумирањето алкохол.

Продажбата и консумирањето алкохол беше забранета во Бихар во 2016 година, откако женски групи започнаа кампања за да ги спречат сиромашните работници да ги трошат своите скромни приходи на алкохол.

Полицијата соопшти дека некои од 20- те пациенти кои се наоѓаат на лекување ослепеле поради токсините во пијалокот.

Неколку опозициски партии, меѓу кои и хинду-националистичката партија Бхаратија Џаната, протестираа денеска пред зградата на парламентот со барање да се укине забраната за алкохол и да се обезбеди финансиска отштета за семејствата на починатите.

Три лица се приведени на распит поради наводна продажба на нелегално произведен алкохол во таа област.

Смртните случаи предизвикани од нелегално произведен алкохол се вообичаени во Индија, каде што таквите пијалоци се евтини, но содржат хемикалии како што се пестициди.

Најмалку 28 лица починаа, а 60 се разболеа откако конзумирале токсичен алкохол во западната индиска држава Гуџарат претходно оваа година.

Во северната индиска држава Пенџаб, најмалку 120 луѓе починаа од истите причини.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени