Во Индија 25 смртни случаи поради високи температури

Од:

Индиската држава Махараштра кон крајот на март годинава регистрирала 25 смртни случаи од топлотен удар, што е најголем број жртви во изминатите пет години, а температурите во оваа земја надминуваат 40 степени Целзиусови.

– Причината за смртта на овие луѓе се најверојатно високите температури, изјави здравствен претставник на Махараштра.

Научниците го поврзуваат почетокот на интензивното лето со климатските промени и веруваат дека повеќе од една милијарда луѓе во Индија и соседен Пакистан на некој начин се изложени на екстремни горештини.

Со оглед на тоа дека студените монсунски дождови се очекуваат дури следниот месец и дека прекините на електричната енергија се се почести во некои делови на Индија, дури и домаќинствата кои можат да си дозволат климатизери ќе имаат проблеми во следните неколку недели.

Индија го забележа најтоплиот март во изминатите над 100 години, со максимални температури низ целата земја од 33,1 Целзиусови степени, што е речиси 1,86 степени над нормалата, според Индискиот метеоролошки оддел. Во многу делови во северниот, западниот и источниот дел од зејата, температурите во минатиот месец достигнале 40 степени Целзиусови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени