Во Харков уапсени 13 проруски сепаратисти

Од:

Тринаесет приврзаници на идејата за федерализација на Украина во текот на изминатата ноќ се уапсени во Харков, јави ИТАР-ТАСС.

Тие се приведени на централниот плоштад на источниот украински град. Според властите, проруските сепаратисти илегално поставиле шатори и оградa од дрва и песок на харковскиот плоштад „Слобода“.

Вчера на централниот плоштад во Харков неколку стотици лица се собраа со барање за спроведување референдум за федерализација на Украина. Демонстрантите изразија солидарност со другите југоисточни региони во Украина, кои не ги признаваат новите власти во Киев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми