Министерството за здравство во Појасот Газа, со кое раководи Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската исламистичка организација загинале 25.900 луѓе, од кои повеќето жени, деца и малолетници.
Во изминатите 24 часа загинаа 200 лица, се наведува во соопштението на министерството.
Се додава дека 64.110 луѓе се ранети од почетокот на конфликтот на 7 октомври.