Три предвремено родени бебиња кои беа меѓу групата од 31 преместена од Ал Шифа во градот Газа останаа во енклавата, откако 28 од нив пристигнаа денеска во Египет.
Тие се лекуваат во јужниот дел на Газа.
„28 бебиња сега пристигнаа безбедно во Египет. Три бебиња сè уште остануваат во болница во Емиратите и продолжуваат со лекувањето“, соопшти СЗО.
„Сите бебиња се борат со сериозни инфекции и сè уште имаат потреба од медицинска нега“, додаваат тие.