Од денеска во Европската унија стапуваат во сила нови, построги правила за хемискиот состав на играчките, соопшти европскиот комесар за индустријa Антонио Тајани.
Новите правила предвидуваат поконкретна забрана на канцерогени, мутагени и штетни по плодноста супстанции, како и на 55 алергени.
Присуството на 11 други алергиските супстанции, како и на тешките метали како олово и бариум, ќе мора да биде наведено на етикетите, пренесува БТА.
Новите правила се меѓу најстрогите во оваа област во целиот свет, се истакнува во соопштението од Европската комисија и се дополнува дека Комисијата ќе продолжи да го следи научниот напредок, за брзо да се адаптираат прописите за безбедноста на играчките.