Помошта наменета за палестинските цивили и израелските заложници во Појасот Газа денеска беше доставена до Египет за да биде пренесена во Појасот Газа преку граничниот премин Рафах, по договор со посредство на Катар и Франција.
Два катарски хуманитарни авиони слетаа на египетскиот полуостров Синај, каде што залихите беа истоварени и префрлени на граничниот премин Рафах со Газа, соопштија египетските безбедносни претставници и Црвената полумесечина, пренесе Ројтерс.
Еден од авионите носел медицински пакети за 45 од 253-те заложници, кои ги држи палестинската милитантна група Хамас од упадот во Израел на 7 октомври.
Координаторот на ОН за хуманитарна помош и обнова за Газа денеска го посети Синајскиот Полуостров како дел од напорите за зголемување на протокот на помош за палестинските цивили.
„Тука сум затоа што мандатот на Советот за безбедност (ОН) е да видиме како можеме да ги олесниме и забрзаме областите на помош кои се толку потребни за цивилите во Газа, со оглед на акутните хуманитарни услови во кои тие треба да живеат” таа рече.