Во Доњецката област три лица загинаа во текот на денот како последица на гранатирање на руските војници, соопшти шефот на регионалната воена управа на Доњецк, Вадим Филашкин.
„Во денешното гранатирање на централниот дел на регионот загинаа три лица, а две се ранети“, изјави тој на каналот Телеграм, пренесува Укринформ.
Тој додаде дека попладнево руските сили со артилерија ги гранатирале населбите Кураховска и Маринска.