На аеродромот во во Пунто Кани, Доминиканска Република е уапасена жена откако во стомакот и се пронајдени 55.500 евра, а во багажот уште 54.600 евра, соопшти денеска полицијата.
Уапсената жена е државјанка на Шпанија по потекло од Доминиканска Република, која на аеродромот во Пунто Кани допатува од Брисел.
Разузнавачките служби ги алармирале надлежните за доаѓањето на жената, како и тоа дека во стомакот има пари, спакувани во 16 кеси, што е потврдено на рентген снимката.
На патниците ијм се дозволено да внесат во Доминиканска Република без потврда до 10.000 долари.