Во циклонот во Индија загинаа 17 лица, причинета голема материјална штета

Од:

Циклонот „Фаилин“ мина низ источна Индија и денеска ослабна, откако, според последните информации, однесе 17 човечки животи, предизвика евакуација на речиси еден милион лица и причини голема материјална штета.

„Фаилин“ е најголемата бура која ја погодила Индија во последните 14 години, при што ударите на ветерот достигнуваа и до 200 километри на час.

Досега се потврдени 17 смртни случаи, а локалните власти оценуваат дека нема да има значително зголемување на смртните случаи поради масовната евакуација на речиси еден милион лица од крајбрежните подрачја.

Циклонот предизвика голема материјална штета, со оглед на тоа дека поројните дождови и поплавите уништија повеќе од 500.000 хектари посеви, вредни 395 милиони долари.

Во најтешко погодената држава Одиша, во прекин е електричното снабдување и комуникации, а патиштата се непроодни поради паднатите дрвја, додека десетина илјади куќи се уништени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати