Во Букурешт истрага за затајување данок од околу 29 милиони евра

Од:

Полициските службеници од Дирекцијата за економски криминал и обвинители од Јавното обвинителство во Романија, денеска претресуваа 53 адреси во Букурешт и во 22 региона од државата, во рамките на истрагата за затајување на даноци во висина од околу 29 милиони евра.

Претреси ќе бидат направени во седиштата на 17 компании, кои работат на собирање или уништување искористени масла и коишто издаваат сертификат за тоа. Полицијата ќе одземе документација од 44 трговски друштва, кои увезуваат индустриски масла на романскиот пазар и кои добиле потребни сертификати.

Истрагата открива дека некои компании објавиле фиктивна активност, со што избегнувале да платат данок од 2 леи по литар искористено масло на Фондот за животна средина. На овој начин, буџетот на Фондот за животна средина, е оштетен за околу 29 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски