ВИДЕО: Поларен бран во Британија, во февруари не било постудено од 1955 година

Од:

Велика Британија денеска регистрираше најниски температури во последните 26 години, откако беше зафатена од сибирски студ, а температурите се намалија до минус 23 степени Целзиусови во Шкотска.

Во местото Бремер утрово температурата достигна минус 23 степени, што не е забележано уште од 1995 година, а воедно тоа е најниска температура во февруари од 1955 година во Велика Британија.

– Можеме да потврдиме дека на 11 февруари ја имавме најстудената февруарска ноќ уште од 23 февруари 1955 година, соопшти британската метеоролошка служба.

Силните снежни врнежи предизвикаа проблеми во железничкиот сообраќај, а алармот за екстремни временски услови е вклучен за Шкотска, источниот брег на Англија и за Велс.

Властите ги замолија граѓаните да ги одложат сите патувања и излегувања со автомобил, освен најнеопходните.

Би можело да ве интересира

Најстудено утрово е на Попова Шапка, над нулата е само во Демир Капија и во Гевгелија

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори