Во борбите за јеменскиот град Мариб загинаа најмалку 67 луѓе

Од:

Јеменски воени и медицински извори потврдија дека 67 бунтовници и припадници на провладините сили загинаа во борбите за градот Мариб во истоимената провинција.

Помеѓу загинатите 58 се бунтовници, а деветмина се припадници на јеменската армија.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши десетици воздушни напади врз позициите на бунтовниците Хути, кои имаат поддршка од Иран.

Овој месец загинаа стотици борци откако Хутите ја обновија офанзивата врз провинцијата Мариб, која е богата со нафта.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен