Во близина на Доњецк соборен украински воен авион

Од:

Над територијата што ја контролираат проруските сили на истокот на Украина, денеска, е соборен авион на украинската армија, додека бил во низок лет над подрачјето, објавија француските медиуми.

Авионот по експлозијата паднал во блиското поле, а пилотот се катапултирал и со падобранот слетал на околу 40 километри источно од Доњецк, наведоа француските медиуми.

Украинската Влада претходно во текот на денот соопшти дека го суспендира прекинот на огнот на местото на падот на патничкиот авион „Боинг-777“ на малезиската авиокомпанија во Доњецката област, на истокот на Украина, откако беше прекината работата на меѓународната екипа експерти.

Украинската агенција УНИАН наведе дека борбените дејства на местото на несреќата ќе се обноват бидејќи потрагата по преостанатите посмртни останки и лични работи на погинатите патници и членови на екипажот е прекината.

Во гранатирањето на опколениот Доњецк во текот на ноќта погинале три, а ранети се уште пет цивили, соопштија властите од овој град во источна Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми