Домашната разузнавачка служба на Австралија приведе четири лица во истрагата за исламистичка мрежа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Апсењата следеа по индициите за можен напад врз црква во Виена и катедрала во германскиот град Келн. Управата за државна безбедност и разузнавање при МВР на Австрија во неделата соопшти дека во тек се распит на осомничените.
Германскиот весник „Билд“ претходно објави за австриските апсења, како и за едно во Германија. На почетокот немаше потврда за ова. Полицијата во Виена соопшти дека безбедносната состојба во Австрија и низ Европа е тензична.