Повеќе од 600 продавници се уништени, а двајца пожарникари се повредени во пожарот што го зафати трговскиот центар во Анкара.
Пожарот избил во трговскиот центар Јунус Емре, во близина на Алтиндаг, а бил локализиран по цели пет часа.
Причината за пожарот се уште е непозната.
Официјални лица од противпожарната единица изјавиле дека пожарот е изгасен, но 680 продавници во трговскиот центар не можат да се користат.
Елена Георгиевска