Внатрешно раселени 1,5 милиони жители на Појасот Газа

Од:

До денес милион и пол жители на Појасот Газа ги напуштија своите домови поради ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт, соопшти денеска прес-службата на палестинската влада под контрола на Хамас.

Во соопштението се наведува дека тоа е 70 отсто од населението на Појасот Газа и дека живеат во прифатни центри.

Палестинскиот постојан претставник во ОН, Ријад Мансур на состанокот на Советот за безбедност претходно оваа недела изјави дека милион луѓе се внатрешно раселени во Појасот Газа од почетокот на конфликтот.

Според Министерството за здравство на палестинската енклава, бројот на загинати од почетокот на конфликтот се искачи на 4.651, а повеќе од 14.200 луѓе се повредени.

На 7 октомври палестинското движење Хамас изврши ракетен напад врз Израел од Појасот Газа, а по масовното гранатирање борците на Хамас влегоа во пограничните области на југот на израелската територија и земаа заложници.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа